Охриѓани ќе почекат за да добијат современа рекреативна патека
Изградбата на современата рекреативна патека која требаше да се направи на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк, доцни. Од секторот ТЛЕР објаснуваат дека работите закочиле кај европските пари.
Изградбата на современата пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк, доцни. Иако од страна на Локалната беше најавено дека веднаш по парламентарните избори кои се одржаа во месец април ќе биде распишан тендер на кој ќе се бара најдобриот изведувач за овој градежен зафат, постапката не е ни започната. Од проектираната должина на патеката од 1390 метри, само мал дел или поточно 200 метри треба да се уредат со средства од ИПА фондовите а останатите со средства од Локалната. Од секторот ТЛЕР објаснуваат дека работите закочиле кај европските пари.
–Во текот на летниот период не се предвидени градежни активности бидејќи станува збор за една многу прометна патека која ја користат и охриѓани и гостите. Сметам дека изградбата на современата патека ќе започне веднаш по завршувањето на туристичката сезона, тврди Апостолов.
Инаку според проектот патеката треба да биде широка десет метри. Ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување.
{loadposition content9}