Skip to main content

Имало посебни упатства на Јоаким Лев за време на полувремето во полуфиналето

Хумелс го откри хуманиот договор од соблекувалната за време на полувремето

 |  инфодеск  | 

Одбранбениот играч на германската репрезентација, Матс Хумелс, открива дека на полувреме на полуфиналниот меч добиле посебни упатства од селекторот Лев.

Високите 5-0 на полувреме го означи германскиот пласман во финалето на Светското првенство, а стоперот на Германија и Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, признал дека селекторот, Јоаким Лев, изричито им забранил на играчите било какви додатни егзибиции и понижување на Бразилците.

“Јасно ни беше кажано да останеме концентрирани и дека не смееме да се обидуваме додатно да ги понижуваме. Моравме да останеме сериозни бидејќи такви мораме да бидеме на теренот, но исто така моравме да покажеме респект кон противникот. Многу беше важно дека низ сите 90 минути не се обидувавме со некои додатни потези повеќе да го понижиме противникот”, тврди Хумелс.

Победата против Бразил нема да му значи многу на Хумелс доколку неговата репрезентација не го освои првото место на Светското првенство.

“Знаеме дека сме меѓу најдобрите екипи на светот, но во секоја средба ви е потребна среќа, што во полуфиналето ја имавме. Сега можеме да уживаме, но ако загубиме во финалето, оваа победа нема ништо да значи. Во финалето не очекува потполно друг натпревар, беше убаво и сега мораме да останеме цврсто на земја”.

{loadposition content9}