Skip to main content

Некои невработени а некој од глупости прави пари

Вистински претприемач, кампања на kickstarter за компир салата

 |  инфодеск  | 

Некои луѓе не можат воопшто да се вработат или мака мачат за да почнат некаков бизнис, а некои пак ќе почнат потполна глупост и луѓето им фрлаат пари пред нозе.

Zack Brown (31) од Ohio почнал со Kikcstarter кампања каде барал средства од корисниците на интернет за да прави компир салата. Да, добро прочитавте, компир салата. “Работам на компир салата. Во основа едноставно правам компир салата. Сеуште не сум одлучил каков вид”, појаснил во својата кампања тој шегаџија.

Негова цел била да собере 10 долари, но во меѓувреме му се насобрале неверојатни 35.369 долари! До крајот на кампањата остануваат уште 25 дена, така што цифрата и тоа како ќе порасне.

Brown одлучил што ќе прави со овие пари откако ќе ја направи компир салатата, на која ќе потроши неколку долари. “Ќе направам компир салата а повеќе од преостанатите пари ќе ги донирам во локалната народна кујна, така што оние кои немаат пари за фрлање по шеговити kikckstarter кампањи, можат да се нахранат со еден топол оброк”, рекол Brown.

{loadposition content9}