Забрзано тече легализацијата на дивоградбите во Охрид
Забрзано тече легализацијата на дивоградбите во Охрид.
Во општина Охрид забрзано тече процесот на легализација на дивоградбите, информираат од Локалната самоуправа. Комисиите за легализација на дивоградбите за периодот април 2013 – јуни 2014 , издале 810 решенија и изготвиле 654 урбанистички согласноти. Ова се должи на ефикасната работа на сегашната локална самоуправа , тврдат од општината. Сегашната локална самоуправа за 15 месеци споредено со поранешната сработила многу повеќе решенија и согласности. За споредба во периодот од 2012 до март 2013, Комисиите на поранешната состав на ЛС издале 373 решенија и 480 урбанистички согласности. Од општинаат истакнуваат дека сегашните комисии максимално се залагаат да ги решат доставените барања.
„ Во месеците мај – јуни годинава донесени се 32 решенија за утврдување на парвен статус ан нелегално изгрдаените објкети ,а 14 се одбиени.Донесени се 46 урбанистички согласнсоти ,а поради недостаоци во документацијата 152 заклучоци за прекин на постапката“, укажува Ангела Белевска од одделението за односи со јавност.
До општина Охрид се поднесени вкупно 11.320 барања за решавање на правниот статус на дивиградби.
Од локалната самоуправа информираат дека на терен работат 4 комисии од по 3 луѓе и повикуваат граѓаните кои имаат дивоградби да не чекаат во последен момент да поднесуваат елаборати за легализација на објектите.
„ За ефикасно спроведување на процесот на легализација во тек е комплетирање на предметите, потоа ќе следи информација до граѓаните што недостаува во докумнтацијата и што и што треба да се прави за да продолжи постапката. Апелираме до граѓаните за поголема соработка и следење на препораките од стручните служби во ЛС“, напоменува Белевска.
Краен рок за доставување на барања со Елаборати за легализација на дивоградбите според Законот за регулирање на постапките е крајот на 2015 година.
{loadposition content9}