Во последниот ракетен напад над Израел, Хамас индиректно успеал да убие една стара жена, која барајќи засолниште доживеала срцев удар. Од друга страна, израелскиот противнапад беше стотина пати поубоит, бидејќи во него загинаа преку стотина Палестинци, додека 500 се ранети.
Ова е односот на жртвите на двете завојувани страни, а Израел на тоа може да му се заблагодари исклучиво на својот ракетен штит. Но кој управува со него и зошто е толку ефикасен пишува новинар на Business Week.
Потполковникот Assaf Librati, кој е портпарол на израелските одбранбени сили, појаснил дека целиот систем може да е автоматизиран, но изрелската војска одлучила зад системот да стои човек. Во нивниот случај тоа се нискорангирани офицери помеѓу 19 и 23 годишна возраст.
Тие се овластени да го активираат штитот и да исфрлат онолку ракети колку што сметаат дека е потребно да се осигура сигурноста на граѓаните на Израел. Исто така, можат да ја превземат контролата над системот, ако сметаат дека целта може да биде обичен авион мислејќи дека се работи за проектил.
“Тие често мораат да носат тешки одлуки”, рекол Librati. Поради наведеното, во Израел не може да се стекне впечаток дека во тек е ракетен напад. Единствен знак за тоа се сирените, но ракетниот штит ги спречува многу ефикасно сите обиди на Хамас да ја ракетираат територијата на Израел.
Iron Dome прв пат е употребен во 2011 година и оттогаш се покажал како незаменлив и ја подигна скалата на очекувања на највисоко ниво кај Израелците, а Хамас константно бара слаба точка на тој систем. Засега Израел успева да биде еден чекор пред нив.
{loadposition content9}