Бесплатно изучување на софтверот 3DS MAX „Autodesk“
Бесплатно изучување на софтверот изобуки во 3DS MAX „Autodesk“ .
Започна со работа летниот камп на кој ќе се изучува софтверот 3ds MAX & V-Ray. Обуките се бесплатни, наменети за професионален тренинг и обука на архитекти, дизајнери, ТВ и филм артисти, програмери на игри. Курсевите ќе ги водат 3-ца инструктори, најавува Никола Кумев, инструкторот за 3DS MAX на „Аутодеск Македонија“.
„ Има огромен интерес за пратење на курсевите. Интензивни ќе се обуките , наутро и навечер ќе се одржуваат обуките. Се работи за интензивни курсеви наутро и во попладневните часови. Имаме развиена добра програма, а потврда за тоа е што „Аутодеск“ нам ни даде лиценца за целиот Балкан“, вели Никола Кумев.
Во изминативе три години, околу 300 курсисти се стекнале со дипломи директно од Аутодеск Америка, кои се признаени во целиот свет. „Autodesk Makedonija“ е единствена сертифицирана компанија во Македонија од страна на „Autodesk“. На летниот камп предавање ќе одржи и австралиецот со македонско потекло, Жарко Грнчаровски. Предавањето ќе биде наменето за машински инженери и лицата од индустријата за лимови.
„Г-динот Жарко Грнчаровски веќе 20 години предава во најаката школа во Австралија 2К2. На 23-ти јули во 15 часот, ќе одржи предавање за софтверот „inventor“. Сакам да ги повикам сите кои имаат интерес да го посетат тоа предавање, кое е бесплатно. Особено е важно за инженерите од лимената и машинската индустрија, бидејќи тој софтвер најмногу се користи во тие индустриски гранки“, напоменува Кумев.
Компанијата досега одржала курсеви во Штип и Битола. Во план е проширување и надвор од земјава во Белград, Ниш, Нови Сад, Тирана и Приштина. Посетителите на курсевите се стекнуваат со светски признати дипломи од „Autodesk“. Кампот во „Извиднички“ ќе трае до 24-ти јули.
{loadposition content9}