Skip to main content

Ден на дефекти во Охрид

Ден на дефекти во Охрид. Во повеќе делови на градот откажува водоводно канализационата мрежа, пукаат цевки, извираат фекалии од шахтите, а надлежните недостапни за коментар.

 |  Николоска Биљана  | 
defekt
дефект

defektУл. „Македонски просветители“ блокирана од дефекти. За кратко време на овој потег се случија два поголеми дефекти речиси на исто место. Граѓаните на социјалните мрежи десеттина дена наназад коментираат дека газат по калливи улици и постираат слики од состојбата. Немаме детали за карактерот на дефектот, како и за тоа, зошто за толку кратко време се повторува проблемот на истата локација. Од ЈП Водовод Охрид денес беа  недостапни за коментар.

Граѓаните со бројни забелешки, велат дека дефектите не се нешто ново и чудно во градов. Тие бараат, барем во летната сезона, поголема ефикасност при санирањето и враќање на местото на прекопите во првобитна состојба во што пократок рок.

defektГраѓаните се жалат и на проблеми со канализационата мрежа. Преливањето на шахтите во делови на градот станува се почеста појава. Мештаните од неколку улици се жалат од шахтите дека се шири неподнослива реа и од нив се прелеваат фекалии. Екипите на ЈП Нискоградба Охрид интервенирале, но проблемот за кратко време повторно се јавувал. Зошто е тоа така и што преземаат од ова ЈП, не успеавме да дознаеме, бидејќи и од таму не беа расположени да зборуваат пред камера.

Во последно време,  станува пракса  дел од раководните лица на јавните претпријатија од градов, со чест на исклучоци,  да избегнуваат одговори на прашања поврзани со проблемите во дејноста која ја извршуваат а истата е од јавен интерес. Од друга страна во јавноста редовно се лиферуваат готови соопштенија за редовните активности на јавните претпријатија во кои неизоставен дел се фотосесии на директорите како ги надгледуваат активностите на терен.

{loadposition content9}