Водечкиот германски производител на автомобили, BMW, во наредните години ќе го дуплира бројот на модели кои ги произведува во Кина за да се задоволи побарувачката.
“Се фокусираме на задоволување на потребите и аспирациите на кинеските клиенти. Токму заради тоа ќе произведуваме уште повеќе модели, посебно дизајнирани за кинескиот пазар, од три на шест модели”, изјавил членот на управниот одбор на BMW, Friedrich Eichiner, пренесува FrancePress.
BMW моментално произведува три модели во Кина и тоа седан од серијата 5, седан од серијата 3 и BMW X1.
Спрема зборовите на Eichiner, во изминатите пет години, BMW инвестирал во Кина преку две милијарди евра во своите фабрики.
{loadposition content9}