Skip to main content

Бурна седница на охридскиот Совет

На стартот на денешната 26 седница на Совет беа додадени точки на дневниот ред за донесување на одлуки, со кои ќе се овозможи реобјавување на тендерот за изградба на затворен зелен пазар по пат на ЈПП, откако на првиот тендер не се пријавил ниту еден апликант. Опозициските советници реагираа дека доцна им биле доставени материјалите по одредени точки.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

sednicaБурна седница на охридскиот Совет. Обемниот дневен ред од 74 точки беше надополнет со уште 3 точки, по предлог на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Предлог одлука за добивање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈП Градски Пазар, предлог одлука за започнување на повторена постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар во Охрид и предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на услугите на ЈП „НИСКОГРАДБАОХРИД“ Охрид. Овие предлог одлуки неприфатливи од страна на опозициските советици, со изговор дека материјалите доцна им биле доставени и немале доволно време истите да ги разгледаат.

sednica„Ние нашиот став го дадовме и при разгледување на првата физибилити студија, дека таа е ужасна заради тоа што е направена во штета на јавниот партнер, општина Охрид. Ние сме советници и сме задолжени да го штитиме имотот на општина Охрид а во оваа студија се влошени условите на Јавниот партнер во корист на приватниот партнер“ – вели Стојаноски.

Идентичен е ставот и на советниците од ВМРО – НП. Јоне Станкоски рече дека неприфатливо е поставување на точки на дневен ред за кои што материјал добиле ден пред самата седница. Тој смета дека со донесувањето на одлуката за распишување на  ЈПП, се раскрчмува имотот на општина Охрид, губи општината и граѓаните.  

sednica„Тоа претставува целосно кршење на деловникот од страна на Локалната Самоуправа и непочитување на самата координација, да точки кои што се од витално значење за живеењето на градот не се поставуваат како точки на дневен ред пред самата седница. Поради тоа не ги прифаќаме ваквите точки на дневен ред бидејќи станува збор за инвестиција која што е над 6 милиони евра и која што е од витално значење за општина Охрид. Очигледно е дека локалната, градоначалникот сакаат на мала врата да протуркаат точки кои се од витално значење на Охрид без некоја поширока дискусија и без јавноста да биде запознаена за што се работи“ – рече Станкоски.

Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид не гледа ништо лошо во реобјавување на тендерот за изградба на затворен зелен пазар по пат на ЈПП и давање согласност за отпочнување на соодветната постапка, откако на првиот тендер не се пријавил ниту еден апликант. Тој е категоричен дека не држат изјавите на опозицискиот партнер дека материјалите биле ненавремено доставени, бидејќи според него два дена биле доволни истите да се разгледаат.

sednica„На првиот тендер намерно сакавме да одиме со максимален износ на квадратурата која дополнително би ја добиле. Значи делот со пазарот 100% долниот дел на пазарот останува на ЈП единствено што е дискутабилно во физибилити студијата е во првичниот план беше 20 паркинг места за ЈП а на горниот спрат наддавањето требаше да започне од 700 квадрати со новата изменета физибилити студија овие услови ги олеснуваме со цел да предизвикаме што повеќе приватни лица да се јават на самиот тендер“– појаснува Спасески.

Двете предлог одлуки на Спасески, беа изгласани од страна на советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Инаку на денешната редовна седница точките беа групирани во два дела, извештаите за работа на секторите во рамки на општина Охрид беа први на разгледување и усвојување, додека пак во вториот дел беа застапени точките на дневен ред за легализација на дивоградбите.

{loadposition content9}