Малезиската трагедија само го потврди она што сериозните геостратези го знаат со години, а тоа е дека западот предводен од САД е во геостратешки судир со Русија на Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин е видно потресен и лут. До сега некако и можеше да се брани дека не стои зад проруските бунтовници во Украина, но по рушењето на малезискиот авион и погибијата на 298 патници, веќе никој не верува во “руските бајки” и ветувања.
Западот е во предност кога станува збор за пропагадната војна. Украинските сили ја искористија слабоста на Путин и почнаа да го стегаат обрачот околу Луганск. Меѓутоа, со рушењето на авионот ниту почна а ниту ќе заврши украинската криза, која се чини дека е игралиште на кое ги одмеруваат мускулите Путин и Обама.
Недоразбирањето помеѓу Путин и Обама на почетокот се манифестираше со дипломатски подбуцнувања, потоа почнаа со кошкање и покажување мускули, а сега сето тоа кулминира со украинската мала војна, која како што стојат работите, нема така брзо да заврши. Во најдобар случај не чека нова ладна војна, а можеби и нешто полошо.
Не е тајна дека од силните економски санкции кон Русија и ескалацијата на судирите, најмногу ќе страдаат Европјаните, додека моќната Америка практично ќе остане недопрена. Затоа не зачудува тоа што Барак Обама и Ангела Меркел имаат различен пристап кон кризата. Европа не така со задоволство влегува во заострување на односите со Путин бидејќи знае дека нема така лесно да го сруши, и дека со таков однос може да создаде уште полут непријател.
Русија едноставно е пресилна и преважна држава за да се игнорираат нејзините интереси.
{loadposition content9}