Светот и понатаму е во шок од рушењето на авионот на Malaysia Airlines, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.
Бројни сведоци од малото село на границата помеѓу Русија и Украина ги изнесуваат сведочењата за моментот на паѓање на авионот.
“Се слушна страшна бучава, а потоа почнаа да ми паѓаат работи на покривот од куќата. Во кујната ми падна тело од еден патник”, ги опишува драматичните моменти Ирина Трипунова.
Само неколку стотини метри од нејзината куќа во полето паднале десетина тела.
Жителка на селото која сакала да остане анонимна тврди дека видела како паѓале тела од небото.
“Едно тело падна во мојата градина”, вели 20 годишна жителка на селото, која поради тоа не може повеќе да спие.
Холандскиот премиер Mark Rutter дал изјава за катастрофата на авионот на Malaysia Airlines во која загинаа 193 холандски државјани: “Сакам да ги видам резултатите, слободен пристап на местото на несреќата и брзо згрижување на телата на загинатите. Тоа е прв приоритет. Путин мора да превземе одговорност околу бунтовниците и да и покаже на Холандија и светот дека го прави она што од него се очекува”, изјавил Rutte.
Истовремено, Украина ги обвини бунтовниците дека крадат накит,пари и кредитни картички од телата на загинатите во несреќата, а бунтовниците тоа го демнатираат и тврдат дека не ги допирале телата, но истакнуваат дека се загрижени дека тие се распаѓаат на горештините.
Александар Бородај, претседателот на самопрогласената народна република Доњецк вели: “Телата на недолжните луѓе лежат на горештината. Го задржуваме правото телата да ги тргнеме ако процесот се оддолжи. Ја молиме Русија да ни помогне и да прати свои експерти.
{loadposition content9}