Skip to main content

Ракетниот систем со кој е срушен авионот стигнал од Русија

“Украинците тоа не можеле да го направат”

 |  инфодеск  | 

Во интервју за CBS, американскиот државен секретар, John Kerry, рекол дека е прилично јасно дека ракетниот систем со кој е срушен малезискиот авион стигнал од Русија и им бил предаден на сепаратистите. Тој додал дека истрагата за овој случај ќе ги изнесе заклучоците за тоа каква улогa имала Русија.

“Ние имаме многу докази кои укажуваат на тоа дека Русија е замешана, а тоа повлекува многу сериозни прашања, вклучувајќи го и фактот дека пред неколку недели 150 возила од Русија оделе на исток од Украина натоварени со тенкови, топови, ракетни фрлачи, оклопни транспортери  и се предадени на сепаратистите”, рекол Kerry.

Kerry рекол дека САД знаат, според сателитските снимки, од каде е истрелан проектилот и го знаат движењето на проектилот.

“Знаеме и точно време кога е истрелан”, рекол Kerry, спомнувајќи го и снимениот разговор на сепаратистите кои го пресретнале Украинците.

“Точно знаеме дека Украинците не располагале со таков ракетен систем на тоа подрачје и во околината, па тие не можеле да го срушат авионот. Значи, трагата води кон сепаратистите”, заклучил Kerry.

{loadposition content9}