Лидерот на проруските бунтовници, Александар Бородај, рано утрово по локално време, ги предал црните кутии од соборениот патнички авион на малезиските експерти.
Во таа прилика двете страни, во седиштето на самопрогласената Доњецка народна република во Доњецк, потпишале документ кој Бородај го нарекол “протокол со кој се финализира оваа процедура”, пренесува Reuters.
Претставникот на малезискиот совет за национална безбедност, полковнкот Mohamed Sakri, на новинарите им рекол дека двете црни кутии се во “добра состојба”.
Како што пренесува AFP, проруските сепаратисти најавиле прекин на огнот во радиус од 10 километри околу местото каде што падна МХ17, за да се обезбеди сигурен пристап на меѓународните истражители.
Да се потсетиме дека во четвртокот падна малезиски патнички авион, во областа Доњецк каде се водат борби на проруските активисти и украинската војска, со 298 луѓе меѓу кои беа 80 деца. Двете страни се обвинуваат помеѓу себе за рушење на овој авион, кој леташе на релација Амстердам – Куала Лумпур.
Вчера се огласи и Москва, која досега ги негираше сите обвинувања од Киев за вмешаноста во овој случај. Имено, војската на Русија соопшти дека непосредно пред падот на боингот777, украински ловец СУ25 се наоѓал во негова близина.
{loadposition content9}