ФБИ во тајни следења, планирани по 11 септември 2001, ги охрабрувал, поттикнувал а понекогаш и ги плаќал американските муслимани да прават атентати, се заклучува во известувањето на HRW (Human Right Watch) објавено во петокот.
Во голем број од повеќе од 500 случаи, поврзани со тероризам кои се водат во американските судови по 11 септември 2001 година, американското министерство за правосудство и ФБИ ги поттикнувале американските муслимани во незаконски терористички операции втемелени на верска и етничка припадност, се предупредува во соопштението на организацијата Human Right Watch, поткрепено со бројни примери.
Организацијата со помош на институтот за човекови права при универзитетот во Колубија, проучила 27 случаеви, од почеток на истрагата до судењето, преку подигнување на обвинение и условите при држење во притвор и разговарале со 215 лица, меѓу кои биле и самите обвинети, членови на нивните фамилии, адвокати, судии и обвинители.
“ФБИ во некои случаеви можеби создавал терористи од поединци кои го почитувале законот, предлагајќи им да изведат терористичка акција”, се истакнува во соопштението, со напомена дека половината на вакви пресуди потекнува од подметнати операции”.
Andrea Paslow, еден од авторите на соопштението, рекол дека “голем број на тие лица никогаш не би сториле такво дело ако ФБИ не ги охрабрувал во тоа, а понекогаш и ги плаќале за изведување на такви акции”.
Како што наведува HRW, ФБИ притоа неретко одбирал чувствителни личности, со психички и интелектуални потешкотии.
{loadposition content9}