Трагедијата на малезискиот авион на истокот од Украина на најлош начин го потсетила светот дека цивилните авиони треба да избегнуваат воени зони.
Од тие причини неколку американски и европски компании во вторникот одлучиле да ги откажат сите свои летови кон Израел затоа што не сакаат да ја загрозат сигурноста на своите авиони. На овој потег се одлучиле откако неколку реакети паднале во близина на аеродромот Ben Gurion во Тел Авив на 22 јули.
Меѓу компаниите кои се одлучиле на овој чекор е и Delta Airlines. Во моментот кога ја донеле одлуката, дека не е сигурно да се лета во Израел, нивниот Боинг 747-400 бил на пат од аеродромот JFK за Тел Авив. Летот е пренасочен на парискиот аеродром Charles De Gaulle.
Летовите за Тел Авив ги откажале и United Airlines, American Airlines, Lufthansa, Air France, Alitalia и други. Повеќето од нив во рок од најмалку 36 часа или неодредено.
{loadposition content9}