Со секојдневното користење на Facebook сигурно доаѓате до интересни објави и линкови кои во тој момент немате време внимателно да ги прочитате или проучите, а подоцна заборавате кој всушност ги објавил.
Имено, Facebook ја воведе опцијата “save”, која ќе ви овозможи да ги сочувате интересните содржини за подоцнежно читање, односно кога ќе имате повеќе време.
Тоа можат да бидат линкови, случувања, локации и.т.н. Зачуваните податоци ќе можете да ги видите само вие, освен ако не одлучите да ги споделите. Зачуваните податоци ќе бидат организирани по категории, а Facebook повремено ќе ве потсетува на нив.
Опцијата “save” се наоѓа над објавата или во облик на икона при дното, а во наредните денови ќе биде достапна и за мобилната апликација на Facebook.
Оваа опција е слична на онаа од популарните сервиси како што се Pocket и Instapaper, но малку е веројатно дека ќе може да им конкурира, со оглед на тоа дека тие пружаат многу понапредни опции.
Меѓутоа, на оние кои Facebook им е главен извор на интересни содржини, сосем сигурно е дека ќе им користи.
{loadposition content9}