САД не дале никакви докази дека проруските бунтовници се вмешани во соборувањето на малезискиот патнички авион, соопштило денес Министерството за одбрана на Русија.
“Беше кажано дека податоците на САД и сателитските фотографии потврдуваат дека ракетата била исфрлена од зоната која ја контролираат сепаратистите. Прашањето е: Каде се доказите за тоа?”, рекол заменикот на министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов за телевизијата Русија24.
Неименувани високи официјални лица на американските разузнувачки служби во вторникот соопштија дека авионот МН17 по грешка го собориле проруските сепаратисти кои не биле доволно обучени за користење на руските ракети.
“Низа на прашања им поставив и на Украинците, но не добив одговори на нив, ниту од други влади”, рекол Антонов.
{loadposition content9}