Skip to main content

Здружена опозиција: „Поширока дебата за можно решение за Мостот на желбите“

Додаваат дека ќе го прифатат она решение кое оди во полза на граѓаните, но дека претходно локалната власт треба да им го презентира и образложи новото решение.

 |  Мишел Наумоски  | 
most na zelbite
мост на желбите

Здружената опозиција, од „Мостот на желбите“ со апел и барање до локалните власти пред да се руши постоечкото да се изнајде адекватно ново решение. Денес рекоа дека за нив е несфатлива одлуката на средина од летната туристичка сезона да се прават зафати за рушење на мостот.

zdruzena opozicija most„Овој мост го користат не само граѓаните кои живеат тука во населбата Канео, и кои навистина ги поврза на еден извонредно добар начин овие граѓани, меѓутоа го користат и многу од гостите. Реагираме како советници на оваа одлука, најпрво поради тоа што рековме дека сметаме дека на средина од оваа туристичка сезона, не би требало да се преземаат вакви акции, може на една мирна дебата, која би била закажана во Советот на општина Охрид, сите заедно да донесеме одлука во кој правец понатака да се одвиваат активностите околу рушењето на овој мост, изградувањето на нова пешачка патека и поврзување на една навистина добра туристичка атракција во градот Охрид, со самиот центар на градот.“-вели координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

resenie most na zelbiteВо однос на најавеното решение од страна на локалната за изградба на пешачка патека која ќе се протега од градското пристаниште па се до Канео, советниците од опозицијата со став.

„Првенствено проектите треба да ни се презентираат добро. Не можеме ние нешто да поддржуваме или да не поддржуваме доколку на еден кафе-муабет кај градоначалникот во Советот на градски татковци каде што членуваме и јас и координаторот Стојаноски, од една таква средба, ние наеднаш да донесеме заклучок. Не смееме да бидеме експерти за она што ги надминува нашите ингеренции, и нашата експертиза. Овде треба да се вклучат екологисти, луѓе со познавања на изградба на мостови, да се вклучат луѓе кои доволно ја познаваат работата како тоа ќе се одрази на целото ова крајбрежје, колку ќе се узурпираат или не плажите, колку ќе оставиме слободни зони.“-рече Дејан Блажески-советник ЛДП

Most na zelbiteСоветничката од редовите на НСДП, Верица Хајба пак вели дека за избор на ново решение, неопходно е јавното мислење.

„На последниот локален економски совет, кој се одржа во општина Охрид, градоначалникот во врска со новата пешачка патека изјави бидејќи беа поделени мислењата на учесниците на локалниот економски совет дали е потребно да се гради нова пешачка патека од потегот Пристаниште до Канео, вети дека ќе изврши една анкета каде што ќе се анкетира јавното мислење на жителите на општина Охрид и на стручната јавност која живее во оваа општина.“-изјави Верица Хајба-советничка НСДП.

Советниците од опозицијата сметаат дека откако бил изграден „Мостот на желбите“ па се до денес, со својата функција го оправдал своето постоење во интерес на граѓаните. Додаваат дека пред да се сруши постоечкиот мост, треба да се направи алтернативен мост или алтернативно решение за овој потег.

{loadposition content9}