Во период од седум дена паднаа три авиони и тоа на MalaysiaAirlines, TransAsia и AirAlgeria. Сепак тоа не значи дека шансите за загинување во авионска несреќа се поголеми.
Спрема последниот извештај на светската организација за безбедност на летањето, во 2013 година се случиле 90 несреќи поврзани со комерцијални летови а само 9 довеле до фатални последици и тоа за 173 лица. Овој број е голем доколку се додадат и жртвите од минатонеделните инциденти на MalaysiaAirlines, TransAsia и AirAlgeria.. Меѓутоа трба да се гледа големата слика во авиосообраќајот.
Имено, во минатата година објавени се 32 милиони летови, што значи дека помалку од еден од 300.000 имал несреќа, а еден од 3 милиони со фатални последици.
Значи, летањето нема да ве убие, но може нешто друго – стравот од летањето.
На пример, непосредно по терористичките напади на 11 септември во Њујорк, голем број на Американци престанале да летаат со авион и се свртеле на друмскиот сообраќај. Во таа година имало далеку повеќе сообраќајни несреќи со смртни последици. На крај од годината, бидејќи друмскиот е поопасен од авионскиот сообраќај, е добиена бројка од 1.595 смртни случаи во сообраќајна несреќа.
Кога станува збор за сообраќајот, секако дека најризичен е оној со возење мотори. Гледано според еднакви изминати километри, моторите се 3.000 пати посмртоносни од летањето, а патувањето со автомобил или камион е околу 100 пати поопасно од патувањето со авион.
Патувањето со воз е најбезбедно што се однесува до друмскиот сообраќај – само два пати посмртоносен од авионскиот.
Трагичната вистина е дека секако ќе умреме. Минатата година, ширум светот, починале 55 милион луѓе, што значи дека 7,9 од секои 1000 жители на земјата умираат секоја година. Многу од нив не го губат животот во сообраќајни или авионски несреќи – мнозинството ги убива или срцев удар или рак.
{loadposition content9}