Skip to main content

Има пари во европските фондови за обновливи извори на енeргија ама не знаеме како до нив

Има пари во европските фондови  за обновливи извори на енeргија ама не знаеме како до нив.

 |  Валентина Неловска  | 
огрев
огрев

 Охрид, регионот и земјава  не може да се пофалат дека користат обновливи извори на енергија. Освен елетркичната енергија и огревното дрво, многу малку се користат останатите ресурси како што се сончевата енергија, ветерот или биомасата.  Граѓаните и институциите издвојуваат голем дел од својот буџет за  потрошена електрична енергија за греење , ама малку знаат и ги применуваат алтернативните извори  на енергија. Македонскиот центар за енергетска ефикасност во соработка со југозападниот плански регион   ги сензибилизира сите субјекти во општеството,  граѓаните, правните лица  и општините за подобрување на енергетската ефикасност. Иако од пред пристапните европски фондови земјава годишно може да искористи преку 200 милиони евра за енергетска ефикасност, досега за оваа намена се искористени нешто помлаку од 40 посто од вкупните средства на IPA 3 , вели Стојан Савески од Југозападниот плански регион. Додава дека не може многу да  се пофалат за соработка со општините од југозападниот плански регион.
огрев
„ Во одделни проекти има општини кои влегуваат и се заинтерсирани, а дел не се заинтересирани  и не учествуваат во подготовката и реализацијата на проекти. Дел имаат и објективни причини, има предуслови кои мора  да се исполнат за учество  во проекти, дел од општините  се блокирани и не може да се појават како апликанти, дел немаат интерес и капацитет. Станува збор за сплет на околности кои овозможуваат или не партнерство во одредени проекти“, кажува Савески.

Јасминка Димитрова Капац од Македонскиот центар за енергетска ефикасност укажува на сите активности кои досега се преземени за сензибилизирање на целата јавност со нивниот проект за енергетска ефикаснот и обновливи енергетски извори. Напоменува дека има  можност за искористување на овие средства со  проектни партнери од југозпадниот плански регион на Македонија и Албанија.  Направени се студии за можностите и потенцијалот за примена на енергетска ефикаснот и обновливите извори на енергија. Димитрова Капац вели граѓаните многу малку ги користат во пракса другите енергенси немаат пари за да ги применат  за греење.  

огрев„ Граѓаните  се свесни дека енергијата е скапа, голем дел од буџетот оди на задоволување на потрошената електрична енергија. Делумно знаат за мерките за да се намали потрошувачката на  електричан енергија, дел не. Најмногу знаат за сончевите колектори и за примената на биомасата. Но, за жал погрешно ја применуваат. Наместо отпадот од огревното дрво, за греење се користи дрвото кое може да се искористи за друга намена по повисока цена.Многу малку с екористат палетите или брикетите кои се биомаса“, напоменува Димитровска Капац.
Постојат големи можности за искористуавње на средства во новиот  програмски период на ИПА2 кој  запонува од  оваа година па се до 2020 година, напомеуваат проектните партнери.

Имаме период од 6 години за да видиме  дали мудро ќе ги искористиме можностите од Европската унија или и понатака  ќе каскаме зад земјите од регионов  кои наголемо ги користат сончевите колектори или ветерните електрани.   

{loadposition content9}