Жителите од Љубаништа се огласија за земјиштето кое треба да им се одземе
Жителите од Љубаништа се огласија за земјиштето кое треба да им се одземе.
Жителите од Љубаништа се огласија за земјиштето кое треба да им биде одземено. На собирот побарале средба со владини претставници, вели Наум Ристески, претседател на Коордитивното тело од Љубаништа. Досега никој не побарал да се сретне со нас, ни од државата, ни од Локалната власт, за да ни каже што ќе се случува со земјиштето, кажува револтирано Ристеки. Мештаните се тука и постојат, некој треба да им каже , кој ќе ја одземе и за што земјата во Љубаништа, вели Ристески.
„ Ова е крик на народот дека постојат овие луѓе, никој не не прашува што ќе се направи. Дали ќе не свикаат со покани, ајде давајте изјави дали се согласувате или не за земјиштето, не може тоа така, мора да се седне и да се разговара“, вели Ристески.
Не се согласуваме по никоја цена да ни се одземе земјишето кое го наследивме од дедовците и татковците, кажува Ристески. Ние знаеме што е експропријација, но ваква принудна мерка немало ни во последниве 50 години, објаснува Ристески. Да се експроприра целото крајбрежје од преку 200 хектари земја и никој да не проговори и не запознае со намерите за мене е неодговорна работа, напоменува Ристески. Тој посебно забалешка упатува до Агенцијата за проценка на градежното земјиште.
„ На решението за експропријација на Дебарско – Кичевската епархија, на манастирот Св. Наум, за околу 18 хектари, иако во законот стои дека има правичен надоместок , таму е доставено дека земјиштето ќе се откупува по цена од 200, 400, 800 и 1500 денари. Дали е тоа возможно такво земјиште по оваа цена и дали е тоа правичен надоместок? Ќе се повикаат на законот , но не тоа така, се работи за најатрактивниот простор на Охридското крајбрежје,“ прашува Ристески.
Ристески потсетува дека некогаш пред 50 години на овој простор земјоделско земјиште се продавало по цена од 100 марки, а сега несфатливо им е градежно земјиште да се продава по 200 денари. Љубаништани, доколку не се земат предвид нивните барања, најавуваат граѓанска непослушност и блокада на патиштата.
{loadposition content9}