Skip to main content

Општина Охрид сеуште го користи грбот во кој е вметнато логото на УНЕСКО

 Општина Охрид сеуште го користи грбот во кој е вметнато логото  на УНЕСКО.

 |  Валентина Неловска  | 
grb
grb

Општина Охрид сеуште го користи грбот изработен во 1990 година а кој го содржи знакот за  светско културно наследство на УНЕСКО.  Локалните власти добија препорака од УНЕСКО за промена на грбот.   Според  правилата на оваа меѓународна организација,   симболите на УНЕСКО не смее да се употребуваат во  ознаки на други институции.  Охрид не е испостава на таа организација па да го користи знакот, вели хералд Јован Јоноски претседател на Македонското Хералдичко друштво. Кон крајот на минатата година од Локалната самоуправа имаше најави дека отпочната е иницијатива за промена на грбот. На нашето прашање до каде се активностите во постапката за промена на општинскиот грб, од  Локалната самоуправа не откриваат никакви детали.грб Охрид

 


„ Бидејќи се работи за создавање нов грб на Охрид а тоа е прашање кое не може и не смее да трпи никаква импровизација, Локалната самоуправа како што не излегуваше со рокови и до сега, така и од сега нема да излегува со рокови во јавноста во кои би можело да се очекува завршување на овој процес“, стои во дописот од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.

Се обративме и до Македонското хералдичко здружение,  со цел да добиеме повеќе поединости дали  хералдичари се ангажирани и дали веќе се работи на идејни решенија. Претседателот на здружението,  хералд  Јован Јоноски кратко кажа дека засега  само се водат разговори со општината за корекција на грбот.

Инаку, поранешниот грб на градот Охрид, со тврдината,  едрилица,  езерото  и името на градот е еден од најстарите месни грбови во Република Македонија и е создаден во 1950-тите години.

 

 

 

{loadposition content9}