Полски свештеник тврди дека ѓаволот му праќа смс пораки
Во една порака наводно пишувало: “нема да излезе од овој пекол”

Свештеникот Marian Rajchel од полскиот град Јарослав, кој во егзорцистички обред го истерувал ѓаволот од една девојка, сега тврди дека ѓаволот му се јавува лично и тоа со смс пораки.
Рекол дека прима пораки полни со омраза, а уверен е и дека ѓаволот ја користи опседнатата тинејџерка за да го нападне, пишува Daily Mail.
“Авторот на овие пораки е зол дух кој ја запоседнал девојката”, рекол свештеникот.
Често сопствениците на мобилни телефони не знаат дека тие можат да се користат и во вакви цели, но во овој случај е јасно, тврди свештеникот Rajchel. Истакнува дека ѓаволот не се срами да користи модерна технологија, а често неговите дела не се препознаваат веднаш.
Во една порака пишувало:”Нема да излезе од овој пекол. Таа е моја. Кој и да се моли за неа, ќе умре”!
Rajchel одговорил, а потоа стигнала порака: “Молчи свештенику! Идиоту! Не можеш да се спасиш, јаднику!”
Rajchel верува дека на девојката и е потребна понатамошна помош.
{loadposition content9}




