Skip to main content

Нова стратегија на ОВР Струга

Советодавната група  за превенција ќе започне да функционира со поинтензивно темпо. Доколку граѓаните ги пријавуваат случаите, големи се шансите да се реализираат идеите,  и да се зголеми безбедноста во местото каде живеме.

 |  Билјана Колоска  | 
policaec
policaec
Советодавната група  за превенција ќе започне да функционира со поинтензивно темпо. Доколку граѓаните ги пријавуваат случаите, големи се шансите да се реализираат идеите,  и да се зголеми безбедноста во местото каде живеме.

Во Струга се елиминираат појавите на проблеми предизвикани од наркозависниците и алкохоличарите. Овие две работи се најчести причинители за нарушување на јавниот ред и мир во градот. Радува фактот што нивниот број во последниве години не е во пораст. Тоа пред  се е  резултат на стекнатата навика кај граѓаните да ги пријавуваат случаитеод овој вид, најчесто предизвикани од страна на млади луѓе.

„Граѓаните вообичаено во голем број ни ги пренесуваат сугестиите и забелешките, но и ги пријавуваат и проблемите кои ги создаваат наркозависниците и алкохоличарите“-информира Милчо Шумуликоски, виш инспектор за превенција при ОВР Струга.

OVR StrugaТој е лицето на кое граѓаните преку директен контакт,  можат да му  ги пренесуваат  забелешките со цел да се зголеми безбедноста во местото каде живееме. Токму поради оваа цел денес во Струга се состана „Советодавната група за превенција“ со  преставниците на повеќе институции. Преку заеднички искуства ќе делуваат превентивно за да се спречат појавите на дрога и алкохол.

„Оваа група има за цел по излегувањето од овој состанок искуствата да се пренесат пред се во училиштата и институциите. Се надеваме дека ваквите средби ќе вродат со плод“-вели Шумуликоски.

Очекува дека граѓаните ќе пројават интерес и понатаму да ја продолжат соработката со нив. Од советодавната група за  превенција очекуваат позитивни ефекти од неговото функционирање. Навија проекти кои треба да се реализираат. Со нив се очекува да се  елиминираат причините за појава на кримининалитетот и другите асоцијатвни појави.

 

 

 

{loadposition content9}