Skip to main content

Регионалиот СОНК не дава поддршка за протестите на 1-ви август

Регионалиот СОНК не дава поддршка  за протестите на 1-ви август.

 |  Валентина Неловска  | 
штрајк
штрајк

Членовите на синдикатот на охридските основни и средни училишта му вртат грб на Претседателството на СОНК во Скопје. Регионалиот СОНК не дава поддршка на најавениот протест за 1-ви август, вака вчера информираше  претседателот на Регионалниот  одбор на Сонк, Аце Речкоски.  Тој денес е во Скопје. Што се случува таму и дали се пеглаат спротиставените ставови на централата и регионалните синдикални организации, не се знае.  Изјави за медиумите нема. Сега останува неизвесно дали професорите и наставниците од Охрид ќе се приклучат или не  кон протестот што  СОНК го најави за 1 август пред Министерството за образование и наука. регионален сонк

Проблемите се толку наталожени, страстите вжештени па охридските професори генерално се против штрајкот в петок. ТВМ контактираше дел од професорската фела за да ги чуе аргументите за и против протестите.  Многумина од нив не сакаат јавно да зборуваат  пред камера  стравуваат за своите работни места. Револтирано прашуваат каде беше досега СОНК и зошто не реагираше лани кога 60 луѓе од средното и основното образование останаа без работа. Сметаат  дека е задоцнето  барањето на Сонк за укинување на екстерното оценување а за кое  досега ги игнорирале нивните укажувања.  СОНК испушти многу важни моменти во минатото кој денес негативно се рефлектираат во образованието. Синдикатот се буди сега кога ги губи позициите кај актуелната власт, велат дел од  професорите.

регионален сонкИнаку , на протестот во петок СОНК  ќе  бара решавање на проблемот со тројцата професори од Штипскиот универзитет. Покрај тоа  планираат да ги изнесат и барањата за  повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование, несогласување со моделот на екстерното тестирање, со начинот на исплата на платите во високото образование и култура, за  области кои бара склучување на колективен договор. СОНК е загрижен за многу состојби во образованието, науката и културата каде што има политизација, а надлежните институции свесно или не, не преземаат мерки за надминување на состојбите.Доколку до крајот на август не бидат исполнети нивните синдикални барања,  Од СОНК најавуваа  генерален штрајк на 1 септември со што ќе се доведе во прашање стартот на учебната година.

{loadposition content9}