Пресврт во ЈП „Градски Гробишта“
ЈП „Градски Гробишта“ полека но сигурно застанува на сопствени нозе. Како што изјави директорот на ЈП тоа се должи на неколкуте мерки кои ги презело ЈП но и помошта од Локалната Самоуправа на општина Охрид.
ЈП „Градски Гробишта“ вратило 60% од старите наследени долгови, се пофали првиот човек на ова ЈП, Зоран Симоноски на денешниот брифинг со новинарите. Имено долгот изнесувал 10 милиони денари и за период од нецела година вратени биле 6 милиони денари. Според него тоа се должи на низата мерки кои ги презело новото раководство на претпријатието, како што се, работните ангажмани кои на претпријатието му ги обезбедиле Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој, отпочнување на производство на сопствени бетонски производи, отворањето на новиот наплатно информативен пункт. Симоноски исто така кажа дека биле ажурирани податоци за над 600 старатели на гробни места. Позитивен ефект имале и кадровските промени и воведувањето на ред и дисциплина . Но ЈП најповеќе раце трие од издавањето на ресторанот за задуши и тезгите за цвеќе.
„Посебно сакам да ги истакнам приходите кои што ги добивме со издавање под закуп на ресторанот кој изнесуваат 1 786 992 денари кој за разлика од претходната година кој што средства изнесувале 720 000 денари така да оваа година по тој основ инкасирани се нешто повеќе од милион денари“ – вели Симоноски.
Симоноски напомена дека во интерес на граѓаните на општина Охрид а по барање на Локалната презеле мерки за намалување на буџетот на ЈП за годинава
„Намалување на цената на гробните места во просек за 12% и намалување на таксата за гробарина за 120 денари по гробно место. Само по однос на овие две мерки ЈП во оваа тековна година помалку би инкасирало 2 милиони денари. И со овие помалу инкасирани 2 милиони денари ние покажуваме добри финансиски резултати“ – рече Симоноски.
Инаку и покрај вака прикажаната слика за ЈП „Градски Гробишта“, претпријатието работи со блокирана сметка. Симоноски вели дека добар дел од каматите биле веќе отпишани а во тек се преговори за конечно одблокирање на сметката. Директорот длабоко е убеден дека до крајот на 2014 година старите долгови ќе ги сведе на нула па потоа ќе размислуваат за развојот на претпријатието.
{loadposition content9}