Дали застанувате често на вага? Ако е да, сигурно ви се случило да се воодушевите со утринската бројка на вагата која е помала од онаа вечерната. Наутро тежиме помалку од вечерта, а за таа појава постои научно објаснување, пишува Business Insider.
Преку ден јадеме, пиеме и цел ден нешто се случува. А во текот на ноќта телото добива прилика да го обработи сето она што сме го конзумирале во текот на денот. Ја согорува енергијата и ги губи атомите на јаглерод додека дишеме. Исто така, голем дел се губи на водата. Таа излегува од телото додека дишеме, а ја губиме и со потење преку ноќ.
Комбинацијата на сето тоа наутро во просек не чини полесни за половна до еден и половина килограми.
Затоа утрото е одлично време за поттикнување на самодовербата.
{loadposition content9}