Нема пријава за корупција во охридскта Локална самоуправа
Нема пријави за корупција на телефонската линија во Локалната самоуправа на Охрид. Но овој факт не значи дека корупцијата во институциите ја нема, велат од ТИ-Македонија. Според нив охриѓани најмногу се жалат на постоење мито и корупција во здравството и судството, како и пријавите кои се поврзани со работни односи, образование, инспекции и даноци.
Ниту еден граѓанин не пријавил анонимно мито и корупција во Локалната самоуправа. Пред три месеци Локалната го промовираше телефонскиот број 046 262 469 како и eмaил адресата prijavikorupcija@ohrid.gov.mk на кој граѓаните анонимно можат да пријават службеници доколку им се случило да им побараат поткуп за одредена услуга. Од ваквиот податок може да се заклучи дека државните службеници совесно си ја вршат работата и нема злоупотреби на службата или граѓаните тешко се охрабруваат да пријават незаконски дејствија. Од „Транспаренси интернешнел Маседониjа“ велат дека ваквиот потег нa локалната е позитивен затоа што дури 50% од пријавите за мито и корупција се анонимни што укажува на фактот дека граѓаните се плашат да пријавуваат и потребно е спроведување на широка кампања за подигнување на јавната свест на граѓаните на локално ниво.
Инаку охриѓани до ТИ-Македонија најмногу се жалат на здравството и судството, а потоа следат пријавите кои се поврзани со работни односи, образование, инспекции и даноци. Според нивните податоци во 2013 и тековната 2014 година добиле 8 пријави поврзани со ризик на корупција од страна на граѓани од Охрид. Тие се однесувале на сомнежи за корупција при работењето на здравствено лице кој извршил хируршката интервенција, неправилности со фалсификување на тестамент, конкурс за вработување и непотизам во здравствена установа, нерегуларности со организирање на училишна екскурзија итн, од кои 4 биле анонимни. Од 8 те случаи 5 со посредство на ТИ-Македонија добиле разрешница 3 случаи се уште се воделе како отворени бидејќи по истите се постапувало.
{loadposition content9}