Skip to main content

Донирани 100 -тина книги наменети за ранливата категорија граѓани

Донирани 100 -тина книги наменети за ранливата категорија граѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
илко
илко

Илко  Димитриески од Охрид, подари 100-тина книги во Центарот за социјални работи. Со оваа акција Димитриески го поддржува проектот Подари книга. Донираните книги се наменети за оние граѓани  кои не можат да си дозволат да ги купат. Подарил  книги кои му биле оставени во аманет од  хрватско-македонското  друштво „Езерки“ од Хрватска, 30 примероци книги на кои  е автор, Аксиј и Патешествие, како и книги од сопствената библиотека, истакна  Димитриески.  
аксиј
„ Ова е племенита, хумана акција , патот до  книгата мора да го најде секој  човек. Таа убавина е за мене воолшебство,   да си со книгата. Акцијата ја поддржувам и ќе продолжам со подаруавње и понатака. Ќе продолжам со дарување  во манастирот Бигорски  и во други манастири кои настрадаа во пожари, ќе подарувам лични книги и од мојата библиотека“, Димитриески.

Директорот на охридскиот Центар за социјални работи, Екрем Каљоши, напоменува дека ова е прва донација во рамките на владиниот проект „ Подари книга“, наменет за ранливата категорија на граѓани. Каљоши ја појасна   постапката  како граѓаните  може да дојдат до книгите од проектот.  

„Во активностите се вклучени и Македонски пошти. книгиЛицата кои донираат книги може да се пријават  во Центарот за социјални работи или Македонски пошти дека имаат книги за подарување. Во центарот ќе се пријавуваат барателите и врз основа на списокот на книги кој неделно ќе с е објавува ќе може да  аплицираат за книгите. Центарот ги известува Македоски Пошти и на лицата  баратели ке им се доставуваат по пошта на домашна адреса“, кажа Каљоши.

Каљоши напоменува дека постапката е мошне едноставна  само треба да се знае точната адреса на живеење на барателите. Очекува  успех на проектот,  акцијата да ја следат и останатите  граѓани на Охрид, за  да се развие  чувството на солидарност кај граѓаните и навика за читање посебно кај лицата кои не можат  да си дозволат да  купат книги.

{loadpоsition content9}