И на малиот полигон ќе се наплаќа за паркинг
Единствениот слободен паркинг кој охриѓани го користеа за бесплатно да ги паркираат своите возила , комерцијализиран.
Со паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови од денес ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Тој паркинг простор е сопственост на ГП „Гранит“.
Ова градежно претпријатие склучило договор за издавање под закуп на просторот наЈП „Билјанини извори“ во траење од една година.
Со тоа ова јавно претпријатие ќе врши економско оперирање на паркингот за што на „Гранит“ ќе му исплаќа соодветен процент. Во случајов „Гранит“ добива, но граѓаните губат. Инаку паркингот ќе биде дел од зоната Б, така што за еден час паркирање ќе се наплаќа 20 денари. Уредувањето на просторот за паркирање ќе започне од понеделник.
{loadposition content9}