Македонија утре ги слави двата Илиндена
Македонија утре ги слави двата Илиндена, 111 години од Илинденското востание и првата република на Балканот и 70 години од првото заседание на АСНОМ. По тој повод денес општина Охрид во една пригодна свеченост ги одбележа двата празници.
Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени.
„Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот глас а потоа го крена и оружјето против системите кои владееле на територијата на РМ во 1903 и 1941 година – изјави Јанев.
Свое обраќање на одбележувањето на двата Илиндена имаше и Гоце Георгиески, претседателот на Сојузот на борците на Охрид и Дебрца. Тој истакна Илинден е датум кога Македонија слави за успехот, храброста и херојството. Додаде дека денешната слобода која ја уживаме е заснована на историски континуитет на преплетување на идејните вредности на двата Илиндена, како и тоа дека наша света должност е да ја зачуваме стекнатата слобода и да се бориме за правата на граѓаните, пред се правото на своето име, идентитет, јазик, куилтура и достоинствен живот во Р. Македонија.
„ Одлуката за кревање востание била потврдена на Конгресот на битолскиот револуционерен округ одржан од 2-7 мај во селото Смилево. Главнот штаб на Битолскиот округ, по неколкуте одложувања, издаде наредба народот од цела Македонија на 2 август да се крене против душманите. Копнежот на илинденците од 1903 и аманетот од претходните генерации за нов и победоносен Илинден, го заживеаја нивните следбеници 41 година подоцна, на 2 ри август кога во манастирот Св. Прохор Пчински е одржано историското Прво заседание на АСНОМ, на кое се донесени одлуки од конститутивно значење за формирање на македонската држава како федерална единица ов југословенската федерација.“– појаснува Георгиески.
На свеченоста присуствуваа претставници на општина Охрид, пратеникот во собранието на РМ д-р Сашо Василески, претставници на политичките партии, на НВО и здруженија на граѓани, претставници на институции како и пензионери од сите здруженија во градов. Свеченоста беше заокружена со настап на хорот на пензионериите од Охрид и Дебрца.
{loadposition content9}