Крвава тепачка на тинејџери во Охрид
15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито .
15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ дошло до тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите.
„Во текот на денешниот ден СВР Охрид ги идентификува сите учесници кој што синоќа го нарушија Јавниот ред и мир. Во текот на денешниот ден идентификувано е лицето кое што употреби ладно оружје нож и практично нанесе тешки телесни повреди врз едно лице од Скопје.“ – вели Димоски.
Димоски нагласи дека СВР, посебно во екот на туристичката сезона нема да дозволи самоволие или незаконско однесување на поединци или групи и тврди дека имаме стабилна безбедносна состојба во градов.
„Посебно сакам да потенцирам дека Охрид е безбеден и сигурен град и дека охриѓани и туристите можат безбедно и сигурно да се чуствуваат. СВР Охрид значи полицијата генерално е гарант на безбедноста во градот и ова е инцидентен случај кој што апсолутно не може да биде поврзан со некакво дестабилизирање на безбедносната состојба“ – уверува портпаролот.
СВР против лицето кое во синоќешната тепачка употребило нож ќе покрене кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“.
{loadposition content9}