Некои сметаат дека езерото е полно со радиоактивни супстанци и дека луѓето не смеат во него да се капат.
Имено, мистериозно езеро се појавило одеднаш среде пустина во Тунис, а што е причината за овој природен феномен, научниците немаат одговор.
Езерото кое жителите го нарекле Gafsa (плажа) го откриле овчари пред три недели, пишува Independent.
Надлежните служби предупредиле дека водата, која претходно била кристално сина а сега е темнозелена и преполна со алги, би можела да е канцерогена, но Тунижаните едноставно не можат да одолеат на капењето на 40 степени Целзиусови. До сега се искапиле неколку стотини лица.
“Некои веруваат дека езерото е чудо додека други велат дека е проклетство”, рекол новинарот Lakhdar Souid за France24. Тој вели дека езерото се наоѓа на подрачје богато со фосфати и водата би можела да содржи радиоактивни супстанции кои се опасни по луѓето.
Од каде езеро среде пустина, нема службено објаснување. Некои геолози веруваат дека сеизмичките активности довеле до пораст на нивото на водата, односно нејзино избивање на површината, а локалните власти тврдат дека во езерото, кое се простира на повеќе од еден хектар, би можело да има дури милион кубни метри вода, а длабочината е помеѓу 10 и 18 метри.
{loadposition content9}