Избивањето на ебола во западна Африка се оттргна од конторла, но ширењето на болеста може да се запре, им изјавила, во петокот шефицата на Светската здравствена организација (WHO), Margaret Chan на претставниците на Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Брегот на слонова коска на состанокот во Конакри.
“Болеста се шири побрзо отколку нашите напори за да ја ставиме под контрола. Ако таа ситуација продолжи да се влошува, последиците би можеле да бидат катастрофални а постои можност од ширење и во други земји”, рекла Chan, додавајќи дека денешниот состанок мора да претставува пресврт во одговорот на епидемијата.
WHO ќе заседава на 6 и 7 август на вонреден состанок за да се одлучи дали еболата заслужува меѓународно внимание по прашањето за вонредна закана и кои мерки би се препорачале за запирање на таа закана.
Chan рекла дека владите би можеле да воведат мерка за ограничување на движењето на жителите и јавни собири а полицијата да се ангажира за осигурување на тимовите кои се борат против еболата.
“Искуството покажало дека ширењето на болеста може да се запре…но, би било тотално неодговорно да се пушти вирусот да циркулира наоколу подолго време”, рекла Chan. Посебно предупредила на опасноста од традиционалните погребни ритуали и ширењето на вирусот кој многу брзо мутира и се прилагодува, како и повеќето вируси и микроби.
“Не смееме да му допуштиме на тој вирус секогаш да ни приредува нови изненадувања”, порачала таа.
До сега во Африка починале 729 лица, вклучувајќи повеќе од 60 здравствени работници, а забележани се околу 1.300 случаеви.
{loadposition content9}