Сигурно ја знаете малата икона во облик на глобус во аголот на вашата Facebook страна на кое се отчитуваат нотификациите кои сте ги примиле. Најчесто е тоа прва работа која ја кликнуваме кога ќе се вклучиме на оваа социјална мрежа.
Можеби досега не сте забележале, но на глобусот досега беа истакнати Јужна и Северна Америка. На тој “америкацентризам” му дошол крајот а Facebook тивко се потрудил за своите корисници во Азија, Европа и Африка да имаат нова икона на која на глобусот се токму овие три континента.
Иако промената е мала, можеби и незабележлива, токму ова го нагласува она што жителите на Америка не се ни свесни, а тоа е фактот дека корисниците од Азија, Европа и Африка се далеку помногубројни од корисниците од Америка.
{loadposition content9}