Skip to main content

Маратонците и едриличарите денес во духот на „Илинден“

И едните и другите ја продолжија долгогодишната традиција, за 2ри Август да го разбрануваат Охридското Езеро и да ја разубават празничната атмосфера. За туристите, ваквите спортски манифестации се мотив повеќе да се посети Охрид на Илинден.

 |  Мишел Наумоски  | 
regata maraton
регата маратон

Како поубаво да се одбележи Денот на  републиката од она што денес пливачите на Илинденскиот маратон и едриличарите на Илинденската регата го приредија и за себе, но и за сите љубители на овие два спортови. Охриѓани, но и сите туристи ја имаа можноста денес, да ги проследат овие два традиционални спортски настани, кои години наназад со својата елегантност привлекуваат внимание.

mal maraton„Убава традиција, убаво и за градот и за гостите да видат.“

„Јас мислам дека е соодветно на денот, и ми се допаѓа. И во Скопје што успеав сабајле да видам на телевизија, се ми се допаѓа, организацијата е на висина.“

„Вчера гледавме одбојка на плажа и ни се допадна па останавме, но и оваа регата и маратонот се интересни, и се одличен начин да се привлечат туристите.“

„Мислам дека добро е, убаво за Охрид да се посети. Оваа година туристичката сезона ја знаеме каква е, би придонело и за прославата да е побогата и поубава и за туризмот во Охрид.“-рекоа дел од туристите.

pobednik maratonПрви сончевите зраци ги искористија пливачите на Малиот пливачки маратон. Тие стартуваа во две групи, а ја пливаа познатата патека од Горица до градското пристаниште во должина од 2 и пол километри. Вкупно пливаа 47 учесници и тоа 15 во првиот старт, и 32ца во вториот старт.

„Иако имавме кратко време, сепак мислам дека направивме одличен според мене маратон. Безразлика што бројната состојба не беше како претходни години од за нас непознати причини, дали ладното и врнежливо време, за тоа не навлегувам, но сепак ние како клуб и организатори имаме одлучено и тројца пливачи да учествуваат, ние ќе го одржиме Илинденскиот маратон, затоа што е големо името и празникот ни е светол.“-вели организаторот Никола Маленко од „Охридски бранови 2008“

И судиите задоволни од начинот на кој се одвиваше малиот пливачки маратон.

regata Ilinden„Трката помина феноменално, немавме никакви проблеми и немавме никакви забелешки од страна на тренерите, пливачите кои пливаа на оваа трка. Временските услови се погодија, одлично беше и пливачите испливаа без никаков проблем.“-рече членот на судискиот состав, Катерина Стојаноска.

Победник кај мажите во првата група беше Андреј Стојановски, додека кај жените Евита Насевска. Во втората група пак прв беше Никола Василевски, а кај жените, Искра Стојановска. Генералните покровители Зора сателитски антени и ресторанот Стар Чинар обезбедија пехари и парични награди за победниците од групите, а парична награда имаше и за најмалиот учесник на маратонот. По завршувањето на пливачкиот маратон, добрите ветрови ги искористија и едриличарите на познатата Илинденска регата.

Ilindenska regata„Условите се одлични, имаме ветер што ни е најважно во целава работа. Се надевам дека денес ќе извозиме четири трки, дека ќе имаме константно ветар. Другите услови се во ред, тука е Капетанија на пристаништата, тука се и луѓето од Црвениот крст, регатата се одвива во најдобар ред.“-вели претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев.

Традиционално годинава, дел од регатата е и збратимениот едриличарски клуб од Драч, Албанија.

„Се обидуваме да учествуваме, прекрасно е да се едри тукаво езерото, ние го имаме морето па дечките некогаш се тркаат со нас во Албанија. Прекрасно е да се натпреваруваш бидејќи секогаш е тешко да се организираат вакви настаним, но сеуште успеваат да ги организираат, и добро е да се видат децата како се забавуваат.“-рече Ана Нина-„Јахт Клуб Албанија“.

Инаку едрилиците во класите оптимист, класите ласер со подкласите, потоа мини и микротонците како и даските за едрење ќе се натпреваруваат и во текот на утрешниот ден во зависност од временските услови, а освен македонските клубови и клубот од Албанија, на годинешната регата учество зема и една екипа од Швајцарија.

{loadposition content9}