Претседателот на Coca-Cola за Северна Америка, Sandy Douglas признал дека сам себеси си забранува пиење на премногу Coca-Cola поради здравствени причини. Во една лименка има дури шест коцки шеќер.
Откако тутунската индустрија ја изгуби битката со јавноста и призна дека пушењето е штетно, сега и прехранбената индустрија признава дека е виновна за епидемијата на дебелеење во развиените земји на светот.
Така претседателот на Coca-Cola за Северна Америка, Sandy Douglas, признал дека секој ден пие само една Coca-Cola, а попладне евентуално една без шеќер.
Иронично е дека Douglas, кој за компанијата работи 26 години, признава дека сам себеси си забранува Coca-Cola поради здравствени причини, а истовремено ги поттикнува другите да ја купуваат.
Очигледно е дека Coca-Cola одлучила да го измени својот имиџ за најповикан виновник за дебелината кај Американците бидејќи пред една година и челникот на Coca-Cola за Европа, James Quincey, признал дека предизвикува дебелеење. Тој признал откако новинарот го соочил со фактот дека во само една лименка има шест коцки шеќер.
“И ние мораме да допринесеме во решавањето на проблемот со дебелеењето. Со години внесуваме повеќе калории од она што ќе потрошиме. Затоа на своите потрошувачи им даваме информации за калориите на амбалажата и ги ставаме тие информации во рекламите”, изјавил тој.
{loadposition content9}