Брза помош Охрид со полни раце работа
Охридската брза помош со полни раце работа. Се интервенира не само кај хронично болните лица туку и кај здравите. Загрижува податокот што се почести се интервенциите кај малолетните деца, каде не ретко во последно време се случува, во доцните саати да бараат помош поради пијанство и тепачка, укажуваат од Брзата помош.
Се зголеми бројот на посетите и јавувањата во брзата помош во Охрид. Тоа пред се должи на високите температури, напливот на гости посебно за време на празниците и тоа не само кај хронично болните туку и кај здравите луѓе. Раковдителот на брза помош д-р Ацо Стојаноски нагласува дека во овој период на зголемена фрекфениција на прегледи и повици посебен ризик се јавува кај луѓето што се со срцево белодробни заболувања, стари лица, деца, трудници. Присутен е стомачниот вирус но имало интервенции кај лица кои се пожалале на зголемена телесна температура, треска итн. Додава, граѓаните строго да се придржуваат на укажувањата на докторите со цел да се намали нивниот обем на работа.
„Во овој период јас би апелирал пред се до сите граѓани и гости посебно мешатаните да ги употребуваат матичните доктори за консултации за прегледи да го искористат работното време од својот матичен доктор и да се јават на преглед таму. Сепак ако не се во служба матичните да се обратат и кај нас “– вели Стојаноски.
Загрижува податокот што се повеќе пијани малолетни деца после 12 часот на полноќ бараат интервенција кај нив, вели раководителот на охридската Брза помош. Тој неколку пати во текот на нашиот разговор потенираше да се обрне поголемо внимание кај малолетната популација во врска со точењето на алкохол.
„Исто би апелирал и би поставил прашање како после 00:00 часот во ноќните клубови, дискотеки се наоѓаат малолетни деца, малолетници, како добиваат алкохолни пијалоци затоа што сепак тие ќе конзумираат ќе се најдат таму а проблемот после е наш, затоа што имаме зголемен број на пијанства тепачки како последица од алкохолот и од тоа што дозволиле да малолетници дозволиле да бидат онаму каде што не треба да бидат“– нагласи д-р Стојаноски.
Од охридската брза помош имаа забелешка на учесниците во сообраќајот околу не почитувањето на предимството на возилата за Брза помош. Апелираат, посебно до возачите, да не се тркаат со Брзата помош туку да им дадат предност, бидејќи сирената не се злоупотребува од нивните возачи туку оди на место каде што треба да се интервенира.
{loadposition content9}