Skip to main content

Лесковчани загрижени за капацитетот на канализационата мрежа која се поставува во местото

Во моментот се спроведуваат зафатите од втората и третата фаза од поставувањето на фекалната канализација во Лескоец. Од локалната уверуваат дека канализационите цевки кои се поставуваат во Лескоец се според стандардите. Најавената замена на водоводната мрежа пак, ќе мора да го почека распишувањето на тендерот за избор на изведувач на работите.

 |  Мишел Наумоски  | 
kanalizacija
канализација

Зафатите за поставување на долгоочекуваната фекална канализација во Лескоец се влезени во втората и третата фаза од проектот. Со оглед на честите проблеми со канализационата мрежа кои се случуваат во Охрид, жителите на Лескоец загрижени дaли големината на канализационите цевки се соодветни на бројот на жители на ова населено место кое од година во година постојано расте. Од локалната, која се јавува како изработувач на проектната документација, уверуваат дека цевките за фекална канализација во Лескоец се според стандардите кои се налагаат за ваков вид на канализација.

Leskoec kanalizacijaВоедно локалната, паралелно со поставувањето на канализациона мрежа, најави дека ќе изврши и замена на постојната водоводна мрежа.

„Според проектната документација и она што налагаат стандардите, се поставуваат цевки во зависност од тоа што го бара проектот, со пречник од Ø 200 или Ø 300 за онаму каде што има потреба со поголем пречник се поставуваат цевки. Целиот проект го изведува фирмата „Хидроконти“, а како што реков кога наскоро ќе биде распишан тендерот за поставување на водоводна мрежа, ќе знаеме која фирма ќе го изведе и тој дел од севкупниот проект.“-вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

cevki LeskoecПроектот за поставување на фекална канализација во Лескоец се спроведува со одобрение на Министерството за финансии на средства во вкупен износ од 81.859.187 денари колку што ќе чини реализацијата на целиот проект.

„Проектот треба да заврши во мај или јуни следната година. Со овој проект предвидено е да се постават 7500 метри канализациона мрежа. До овој момент се поставени 1500 од предвидените 7500, а во најскоро време се очекува да биде распишан и тендерот за поставување на водоводната мрежа.“-рече Џамтоски.

Со оглед на најавите од локалната самоуправа дека паралелно со поставувањето на канализационата мрежа ќе се менува и водоводната за која сеуште не е распишан тендер, останува прашањето дали локалната ќе чека да се завршат двата проекти за да се пристапи кон асфалтирање на ископаните улици низ Лескоец.

{loadposition content9}