Охриѓаните Нина Балабан и Јован Јованоски на Младинската олимпијада во Нанџинг-Кинa
Едниот како младински амбасадор, другиот како натпреварувач ќе ги претставуваат Охрид и Македонија. На овие младински летни олимписки игри во Кина, македонската репрезентација ќе се претстави со петмина спортисти.
Охриѓани на младинската летна олимпијада во Нанџинг-Кина. Нашиот град ќе го претставуваат едни од најуспешните млади спортисти, Нина Балбан и Јован Јованоски, но секој на својот начин. Нина учествува понесувајќи ја титулата млад амбасадор на меѓународен олимписки комитет и Македонски олимписки комитет, додека Јован ќе ги брани репрезентативните бои во неговата дисциплина, велосипедизмот и тоа во крос кантри олимпик и крос кантри елиминатор. Тој вели дека изминатата година собрал доста меѓународно искуство возејќи надвор од државата, а за олимпијадата вели дека му била сон уште во моментот кога за прв пат решил да се занимава со велосипедизам.
„Бев на Корзика, острово, со тренер од Словенија и седнавме таму на една маса и тој ме праша што сакам да постигнам со возењето велосипед. Јас му одговорив „Што повисок резултат“. Тој ми рече Тур Д`Франс или Олимпијада. Јас му реков не сум многу за Тур Д`Франс, олимпијадата повеќе ми се допаѓа. Уште од првиот момент кгоа почнав посериозно да се занимавам со овој спорт, јас сакав да учествувам на олимпијада и чест ми е што ќе го носам македонскиот дрес во црвено-жолта боја и ќе ја претставувам нашата држава на едно повисоко ниво.“-вели Јован Јованоски, младински олимпиец во велосипедизам.
Строгите правила на годинешната летна младинска олимпијада во Кина кои предвидуваат натпреварувачите да се родени во годините од 1996 до 1999, ја спречија Нина Балабан да ги брани боите на Македонија во стрелаштво, но затоа Меѓународниот олимписки комитет и ја додели титулата млад амбасадор на меѓународен олимписки комитет.
„Се трудиме младите натпреварувачи да ги инспирираме ширум целиот свет да заборава на сите пороци, кафаните да ги заменат со спортските сали, да имаа здрава исхрана, здрав живот, да воспоставуваат рамнотежа во животот кој допрва треба да го живеат, нели ни следи нов период, факултет. Како амбасадори ќе учествуваме и на културно-образовни активности, исто и нашите спортисти ќе ги вклучиме, имаме некои активности од типот на запознавање на другите култури од светот, антидопинг, воспоставување рамнотежа во спортската кариера.“-рече Нина Балабан, млад амбасадор на меѓународен олимписки комитет.
Инаку Македонската олимписка репрезентација покрај нашите двајца охриѓани, ја сочинуваат и спортистите Ана Ивановска во стрелаштво, Стефан Јанкуловски во пливање, Елмедин Сејфулау во борење и Андреј Петровски во велосипедизам. Младинската летна олимпијада се одржува од 16ти до 28ми Август во Нанџинг-Кина. На истата ќе учествуваат 3600 најдобри млади спортисти од светот во 28 различни спортски дисциплини. Па да им посакаме на нашите претставници, добра олимпијада и многу медали.
{loadposition content9}