Имено, во четвртокот кога се огласил алармот дека некој се обидува да го пробие заштитниот простор прескокнувајќи ја оградата на Белата куќа, тајната служба набрзо открила дека се работи за мало дете кое се отргнало до родителите и успеало да се протне низ оградата на северниот дел од Белата куќа.
Инцидентот се случил непосредно пред конференцијата за печат на претседателот Обама за состојбата во Ирак, па новинарите биле принудени да причекаат додека сигурносната закана се отстрани.
Детето било веднаш вратено на родителите. “Ќе почекаме да научи да зборува па ќе го испрашаме”, рекол во шега портпаролот на тајната служба Edwin Donovan.
{loadposition content9}