Ракометен турнир Струга 2014
Струга од 13 – 16 ти август ќе живее во знакот на ракометот. На Меѓународниот ракометен турнир учество ќе земат 7 екипи. Организаторите ветуваат интересни натпревари, обезбедија максимални услови на отворениот терен на „Женска плажа“ и очекуваат како и секогаш голема поддршка од струшката публика.
42 то издание на Ракометниот турнир Струга 2014 ќе се одржи од 13 до 16 ти август на отворениот терен на „Женска плажа“. Организаторите најавуваат дека турнирот ќе го отвори македонскиот победник на Х – фактор Адриа, Даниел Кајмакоски. Претседателот на организациониот одбор, Лилјана Затуроска и годинава ветува интересни утакмици, а докажаните струшки љубители на ракометот веќе ги одбројуваат деновите до почетокот на турнирот.
„Сметаме дека изминатите две години се направи многу на полето на меѓународниот турнир се воздигна на едно повисико ниво така да планираме тоа да стане една традиција и така ќе биде и во иднина. Струга живее за ракометот од тука излегуваат наши најпознати ракометари кој што се и половина од македонската репрезентација така да Струга живее за овој ден, една недела пред турнирот, за време на турнирот и после тоа значи во еден месец цела македонска спортска јавност ќе биде во Струга така да дишиме во духот на ракометот и овој пат ќе се покажеме во добро светло и како добри домаќини“– изјави Затуроска.
Спортскиот директор Сашо Србиноски нагласува дека годинешниов ракометен турнир е организаиран на повисоко ниво, што го потврдува составот на 7 те екипи кои ќе учествуваат. Според него годинешни фаворите би биле екипите на Вардар и Металург кои можат да се сретнат во финалето.
„Покарј нив се трудиме да им обезбедиме екипи кои играат или играле во лига шампиони или кои успеале да направат некаков успех во другите европски купови, така на пример Металопластика од Србија од Шабац, екипата Зоти Полави од Полска третиот по квалитет во Полска, останатите екипи се Сан Петезбург, Кретеј“ – вели Србиноски.
Од организациониот одбор кажаа дека сеуште ги прибираат потребните документи за најавениот проект за изградба на јужна трибина, реконструкција на постоечките и кровно покривање на отвореното ракометно игралиште. Секретарот на организациониот одбор Ѓоко Илоски вели дека првиот дел од проектот односно изградбата на јужна трибина е прифатен од Владата на Р. Македонија и како донатор е пријавена фирмата ЕЛЕМ.
„Јужната трибина е трибина која ги опфаќа сите стандарди значи со простор за соблекувални, за судии комплетно по ехеф стандарди кои што утре би можеле да ги задоволат сите критериуми за одржување на една поголема манифестација. Во овој момент избран е изведувач и надзорен одбор и се надеваме дека уште дополнителните документи кои што треба да се издадат од локалната ќе ги обезбедиме до крај на годината“ најавува Илоски.
Покровител на меѓународниот ракометен турнир е Агенцијата за млади и спорт. И годинава дел од публиката на Меѓународниот ракометен турнир ќе бидат децата од социјално ранливите категориии кои престојуваат во детското одморалиште 25 Мај во Струга.
{loadposition content9}