Охридските социјалдемократи на работна средба со нивните австриски колеги
Претставниците од двете партии одржаа средба во општинските простории на СДСМ.
Раководството на охридските социјалдемократи на работна средба во нивните австриски колеги од социјалдемократската партија. Австријците биле детално запознаени со моменталните состојби во СДСМ во услови на вонпарламентарни активности. Австриските социјалдемократи изразиле поддршка за нивните колеги во како што велат од СДСМ, нивните напори за демократизација на општеството, надминување на политичката криза и нормализација на политичките состојби. Австријците изразиле надеж дека политичките субјекти во земјава ќе постигнат одржлив политички договор. Двете делегации ја искористиле средбата да разменат искуства од сферата на партиското организирање, делување и ангажман на двете општински партиски организации. Инаку како дел од делегацијата на Социјалдемократската партија од Австрија гостувал и Давид Стокингер-потпретседател на партијата на Швехат дистриктот во Виена.
{loadposition content9}