Иако е основач на успешната маркетиншка платформа SumoMe, 32 годишниот Noah Kagan можел веќе во дваесетите да стане мултимилионер.
Имено, со 24 години се вработил во Facebook како триесети по ред вработен – во тоа време Facebook постоел само една година, а имал само неколку милиони корисници и 50.000 регистрации на ден.
Како што наведува во својата e-книга Kagan од неколку опции избрал основна плата од 60.000 долари и 20.000 акции на компанијата, што ако останел во Facebook, денес би му донеле огромни 185 милиони долари. Но, Kagan по девет месеци добил отказ и останал без оваа добивка, а утехата ја нашол подоцна во други проекти и компании кои тој ги основал.
Причините за отказот во Facebook :
–Виновник е за истекување на информации – Kagan на основачот на TechCrunch, Michael Arrington му ги открил плановите дека од студентска мрежа Facebook планира да се претвори во професионална светска социјална мрежа.
–Сакал да се прослави преку Facebook – Непрестано објавувал текстови за Facebook на својот блог OKDork.com. Во еден момент Zuckerberg го повикал да одлучи помеѓу себе и Facebook.
–Лошо работење – Соработувајќи со соосновачот на Facebook , Dustin Moskovitz, имал задача да пронајде компании кои би се придружиле на нивната мрежа. Кога го направил списокот и му го предал на Moskovitz настапило разочарувањето.
–Не се пронашол во Facebook – Иако се очекувало дека Kagan го менува начинот на работење за да се прилагоди на проектите, тој се противел и терал по свое.
{loadposition content9}