Една од најпопуларните серии на игри “Grand Theft Auto” стана позната по тоа што играчите имаат на располагање богата палета на правење кривични дела – од грабежи до убиства. Но, тоа очигледно некому не му е доволно па се поиграле со кодот на играта и додале уште едно кривично дело – силување.
Во овој вознемирувачки тренд, заљубениците во играта “Grand Theft Auto V” виртуелно силуваат аватари кои ги контролираат останатите играчи во онлајн играта, а потоа ги објавуваат на YouTube како доказ на својот “успех”.
Овие виртуелни силувачи го измениле кодот на играта за да можат да прават работи кои не се допуштени, пишува Huffington Post.
Rockstar Games, кој ја објави оваа серија на игри, сеуште не одговорил на прашањата за овој пропуст кој допушта манипулирање со кодовите.
{loadposition content9}