Skip to main content

Управата за јавни приходи повторно со новитети

Управата за јавни приходи повторно со новитети.

 |  Валентина Неловска  | 
ujp
ujp

Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари, треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат фискален апарат со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

ujp

Од УЈП велат дека постапката на регистрација на фискалниот апарат отсега ќе трае само 10 минути, наместо како досега од 3 до 5 дена, затоа што ќе се врши размена на податоците помеѓу сервисниот центар од каде обврзникот ќе ја купи фискалната каса и системот на УЈП.

Со воведувањето на новите фискални каси Управата за јавни приходи стартува со он-лајн следење на готовинскиот промет во земјата. Од таму велат дека со ова ќе се намалат даночните контроли на терен, ќе се зголеми финансиската дисциплина и ќе се намали сивата економија.

{loadposition content9}