Британскиот Daily Mail и американскиот Bloomberg објавија дека пастата која ја користат и многу жители во Македонија, содржи канцерогена состојка триклозан, кој наводно влијае на размножување на канцерогените ќелии во организмот на луѓето. Од Colgate ги отфрлаат обвиненијата.
Како што е наведено, надлежната агенција за контрола на лекови во САД издала дозвола за користење на оваа паста во 1997 година, но со додатните тестови е утврдено дека споменатата супстанца предизвикува тешки заболувања. Доказите кои се достапни во поново време, како и скорешните студии, покажуваат дека навистина постои загриженост дека спорната состојка влијае на предвремени породувања кај жените, како и неразвивање на коските кај животните. Неодамна објавените студии го поставуваат прашањето за дозвола за употреба на триклозан,како и прашањето дали е потребно да се извршат нови тестирања, бидејќи за 17 години има многу промени, наведуваат медиумите.
Она што е утешително и што малку ја намалува загриженоста е тоа дека споменатите тестови , на која основа се доведува штетноста по здравјето, се направени на животни, глувци и стаорци, но не и на луѓе.
Од друга страна, од компанијата Colgate ги отфрлаат сите обвинувања и наведуваат дека истражувањата не покажале никакви промени на човечките ќелии. “ Скоро 18 години, колку што постои Colgate на пазарот во САД, немало никаков доказ дека пастата негативно влијае на здравјето на луѓето”, изјавил портпаролот на компанијата Tomas Di Piaca за Bloomberg. Тој додал дека агенцијата за контрола на лекови во САД била загрижена поради канцерогеноста, но сепак издала дозвола за употреба. Исто така, соопштено е дека Colgate нема да го менува хемискиот состав на забната паста.
Дали е во прашање вест која ќе го протресе Colgate или е во прашање уште еден спин од конкуренцијата, останува да се види.
{loadposition content9}