Премиера на албанскиот театар со претставата „Предавање“
Премиера на албанскиот театар со претставата „Предавање“.
Утревечер премиера на претставата Предавање на албанскиот театар на текст од Мартин Мек Донах. Предавање е приказ на 4 човечки драми. Станува збор за црна комедија од обичното секојдневие. Ова е претстава е слика на времето во кое живееме, со сите недостаоци и проблеми, со сите радости и таги. Црната комедија преку карактерите , преку комична реплика во една трагична ситуација успева да третира и изнесе на површина комична ситуација од најтрагичен начин имајќи во себе вистинско емоционално доживување. Актерите се задоволни што повторно играат претства на Охридско лето.
„ Секоја година се обидуваме да дојдеме со нешто ново, посвежо. Една поговорка вели нови времиња доаѓаат со нови луѓе. Мене ми е драго што новит елуѓе најдоа добро дувло во албанскиот театар да гизинесат своите знаења умеења и професионална работа“, вели актерот Адем Карага.
Претставата содржи мошне брутални сцени , па актерите соопштуваат дека е препорачливо да ја гледаат лица над 16 години, напоемнува актерката Амернис Нокшиќи Јованоска. Таа е задоволан од то ашто како актерска екипа го сработиле под водство на режисерот Ќендрим Ријани.
„Ние знаеме што сакаме, со Ќендрим прв пат соработуваме , но тој знаеше како да не проследи до таму каде што сме дојдени,“ рече Нокшиќи Јованоска.
Режисер на претставата е Ќендрим Ријани, а играат актерите Амернис Нокшиќи Јованоска, Џевдет Јашари, Луан Ахмети и Адем Карага. Претставата ќе се игра утревечер на малата сцена при домот на културата „Григор Прличев“ во 21 часот.
{loadposition content9}