Skip to main content

Се враќаат „Водени лудории“ на охридскиот базен

  враќаат „Водени лудории“ на охридскиот базен.

 |  Јаковлева Лионела  | 
игри
игри

Се враќаат „Водените лудории“ на охридскиот базен. Игрите ќе се одржат на градскиот базен „Атина Бојаџи“ на 25 и 26 август. Овие игри се организираат во рамките на спортско лето во организација на ЈП Билјанини извори и се под покровителство на  општина Охрид. Идејата е да се возобноват некогашните игри кои замреле пред повеќе  години. Намерата на организаторите е дружба на младите во Охрид, промовирање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, јакнење на тимската работа, вели Наум Јамандиев главен судија  и еден од креаторите на игрите.
игри

„ Правилата се едноставни ќе им бидат објаснети на капитените на тимовите. Секоја екипа се состои од 10 натпреварувачи од кои  правилата на игрите налагаат  3 да бидат девојчиња. Возрасната граница е од 15 до 18 годишна возраст. Јавниот оглас тече и екипите може да се пријавуваат на телефон во ЈП Билјанини извори. Предвидени се и награди за победниците на водените лудории“, кажува Јамандиев.  


Најдобрата екипа ќе биде наградена, а висината на наградниот фонд ќе зависи од бројот на пријавени екипи кои ќе покажат интерес за учество во игрите. Водените лудории ќе бидат под будното око на 5 мина судии , еден главен и 4 -ца на терен, и 10-тина волонтери кои ќе се грижат за поставување на реквизитите, напоменува Јамандиев. Ветува  интересни, забавни и смешни игри на вода, на кои очекуваат посета  од  поголем број сограѓани и туристи.
игри
„ Креирани се 6 игри се во траење од час до час и половина во зависност од тоа како ќе се одвиваат игрите. Доколку има нерешен резултат со ист број на поени има и 7 игра која ќе го одлучи победникот од тој натпревар“,  објаснува дел од правилата на игрите Јамандиев.

Повозрасните генерации добро ги паметат  некогашните „Игри без граници“ кои се организираа во поранешна Југославија. Како и овие некогаш атрактивни и незаборавни  игри,  организаторите се надеваат дека водените лудории  ќе привлечат внимание кај младите луѓе и од идната година може да се  прошират за учесници од цела Македонија.

{loadposition content9}