Skip to main content

Крај на човештвото?

Нѐ очекува удар еднаков на детонација од 44.800 мегатони на TNT

 |  инфодеск  | 

Огромен астероид се движи кон Земјата, а поради силината на ударот би можел да збрише сѐ од лицето на земјата.

Астрономите од универзитетот во Tennessee го пресметале точниот датум на ударот на овој астероид. Кобниот ден за човештвото, моментот кога овој астероид ќе го уништи животот на Земајата, спрема експертите  е 16 март 2880 година.

Астероидот  со дијаметар од еден километар, со паѓањето на Земјата би предизвикал катаклизма како онаа кога исчезнале диносаурусите. Астероидот 1950ДА се движи со брзина од 15 километри во секунда, а ударот се споредува со детонација од 44.800 мегатони на TNT.

Наречен  1950ДА, овој астероид е воочен уште во 1950 година од кога се бара решение за негово уништување. Иако се сметало дека поради својата бразина ќе се распадне пред да удри во Земјата, сепак тоа позитивно сценарио нема да се отствари, пишува The Independent.

“По ударот на астероид над рускиот град Челјабинск во февруари 2013 година кога настрадаа околу 1500 луѓе, повторно се пројави интерес за откриванње на начините на борба против вакви случувања”, рекол постдокторантот Ben Rozitis. Астероидот над Челјабинск е најголемата некогаш забележана експлозија, а откако се бележат вакви експлозии, таа била дури 30 пати посилна од атомската бомба во Хирошима.

Решението, како праќање на голем објект за да се судри со надоаѓачкиот астероид 1950ДА, тврдат експертите, би било погубно за Земјата. Таков судар би предизвикал пореметување на кохезивните сили и распрскувањето на големиот астероид на низа од помали не би имало ефект и сите повторно ќе го продолжат патот кон Земјата.

Можеме само да се надеваме дека за 870 години, кога е предвидено паѓањето на астероидот, човештвото ќе смисли начин да ја уништи најсериозната, во моментов, закана на сите времиња.

{loadposition content9}